Ќе одолее ли Дембеле на интересот или ќе ја остави Барселона на цедило?

Финансиските проблеми кои ги создаде пандемијата на коронавирус ја „натера“ Барселона да остане без засилувањето од 130 милиони евра, Антоан Гризман, а каталонскиот тим ова лето може да остане и без засилувањето од 135 милиони евра, Усман Дембеле.

Договорот на 24-годишниот Французин со Барселона завршува на крајот на сезоната, а со оглед на моменталниот состав на каталонците, финансиските проблеми, како и интересот кој постои за неговите услуги од европските великани Манчестер Јунајтед и Јувентус не се исклучува можноста скапо платениот Дембеле да ја промени средината без обесштетување.

Францускиот репрезентативец се мачи со повреди по доаѓањето на „Камп Ноу“. Претходната сезона одигра само 44 натпревари за каталонците во сите конкуренции, а оваа поради повреда на задната ложа сеуште не е на располагање на Роналд Куман.

Се вчитува...