Олимпијакос се соочува со огромни проблеми на крајот на сезоната кои ќе одекнат и во амбициите за следната откако остана без центарот Мустафа Фал.
218 сантиметри високиот Французин заработи повреда на третиот натпревар од финалната серија во грчкото првенство против Панатинаикос која воопшто не е наивна. Станува збор за скината пателарна тетива на левото колено, повреда која се очекува да го оддалечи од терените од 10 до 12 месеци.
Тоа значи дека центарот би се вратил на теренот при самиот крај на следната сезона, но и оваа опција останува под голем знак прашалник со оглед на сериозноста на повреда па ќе биде интересно да видиме каков ќе биде составот на „црвено-белите“ во новата сезона.
Никола Мулутинов се наоѓа пред заминување од клубот, додека Филип Петрушев е на позајмица во Црвена Звезда каде цели и да остане во сезоната 2025/26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА