Ќе поведе ли УЕФА постапка против Роналдо?

Португалскиот ас Кристијано Роналдо со хет – трик го декласира Атлетико Мадрид (3-0) и го одведе Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Прославата на головите беше навистина емотивна, а му возврати и на Диего Симеоне за срамната гестикулација на првиот меч на „Ванда Метрополитано“. За тоа би можел да добие и суспензија од УЕФА.

Европската куќа на фудбалот дополнително ќе го разгледува однесувањето на Роналдо и доколку биде проценето дека е навредливо за противникот, би можел да биде санкциониран од Дисциплинската комисија. Тоа значи дека би можел и да го пропушти првиот меч од четвртфиналето во елитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...