Кеандре Кук – МВП на 16. коло во Првата лига (ФОТО)

Шестнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест нови интересени натпревари на терените ширум Македонија во кои тимовите од горниот дел на табелата се радуваа на победи. Последниот натпревар беше одигран вчера во Струмица каде МЗТ Скопје славеше рутинска победа, а од натпреварот во „Парк“ ни доаѓа и најкорисниот играч на колото.

Тоа е Кеандре Кук кој го предводеше скопскиот тим до гостинска победа со 29 поени при реализација 9/13 од поле, 9 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки, а забележа и 2 блока за индекс на користност од 40 поени.

Се вчитува...