Кеита: Доаѓам во Интер поради Спалети

Интер договори уште едно големо засилување за новата сезона, откако беше пронајден заеднички јазик со Монако околу трансферот на Кеита Балде. Крилниот офанзивец беше споменуван и во директна размена за Кандрева, но италијанскиот репрезентативец го одби тоа, па Интер и Монако се договорија за едногодишна позајмица од пет милиони евра, по што италијанскиот клуб наредното лето ќе мора целосно да го откупи неговиот договор за сума од дополнителни 34 милиони евра.

Самиот Кеита не го криеше задоволството што се враќа назад во Италија, каде претходно имаше успешни настапи во дресот на Лацио.

„Пресреќен сум што доаѓам назад во Италија. Се надевам на многу успеси, можам да кажам дека тренерот Спалети е една од главните причини поради кои доаѓам во Интер“ – кратко изјави Кеита по пристигнувањето во Милано.

Се вчитува...