Кејн: Говорот на Тухел на паузата промени се…

Англија триумфално го отвори овој мундијал откако „гордиот албион“ славеше со 4-2 во пресметката со Хрватска. Хари Кејн блескаше во првиот дел со два постигнати погодоци, но Англичаните се мачеа во првите 45 минути кои завршија со израмнети 2-2.

Отпорот на противникот беше скршен во второто полувреме, а Кејн по натпреварот обелодени дека клучен бил говорот што им го одржал селекторот Тухел на паузата, по што „гордиот албион“ се разбудил и заиграл онака како што знае и умее.

„Она што го видовме беше дуел со две различни полувремиња. Во првото бевме далеку под посакуваното ниво, дадовме два гола, но стилот на игра воопшто не беше она што ние сакаме да го играме. На паузата селекторот беше бесен. Ни одржа говор во која пораката практично беше: И да загубиме, ајде да загубиме на наш начин, играјќи наш фудбал. Најважно е да го играме нашиот стил… и навистина се вративме на теренот и заигравме како што знаеме. Бевме побрзи, ги добивавме дуелите, игравме „човек на човек“ во одбраната и сето тоа вроди со плод. Го направивме она што селекторот го побара од нас и заслужено се радувавме“, истакна Кејн.

Се вчитува...