Хари Кејн го достигна врвот на кариерата со освојувањето на „Златната топка“, по што англискиот голгетер ги интензивираше и преговорите за нов договор со Баерн. Актуелниот договор на Кејн истекува на крајот од сезонава, но тој ќе потпише продолжување со кое ќе мине уште најмалку две сезони на „Алијанц Арена“
Тој говореше во пресрет на напреварот од Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид, обелоденувајќи дека е постигнат значаен напредок во преговорите за нов договор.
„Знам дека и претходно кажувавме дека е блиску, но можам да потврдам дека сега сме навистина блиску. Веќе не говориме за недели, туку за денови кога ќе биде потпишан официјално новиот договор. Направивме клучен чекор напред околу важните аспект, сега остануваат само уште неколку детали, што нема да биде никаков проблем. Во Баерн се пронајдов себе си, доаѓањето овде беше вистински потег и среќен сум што ќе продолжам да ги бранам боите на овој голем клуб“, истакна Кејн.
Тој е член на баварскиот гигант од 2023 година и оттогаш постигна 156 гола и 41 асистенција на официјалните натпревари за актуелниот првак на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
