Навивачите на Баерн Минхен имаат причина за задоволство откако Хари Кејн ја прифати понудата за нов договор и ќе го продолжи својот престој на „Алијанц Арена“.
Англичанецот се покажа како полн погодок по трансферот од Тотенхем во 2023 година, постигнувајќи фантастични 154 погодоци на досегашните 156 натпревари во дресот на баварскиот гигант.
Актуелниот договор со Баерн му истекуваше на крајот од сезонава, но кај двете страни постоеше сериозен интерес соработката да продолжи, по што беше договорено Кејн да остане најмалку до 2029 година.
Сите детали се средени, па сега преостанува само уште официјализацијата на новиот договор со англискиот голгетер, по што управата на Баерн целосно ќе ги насочи погледите кон продолжување на соработката со Микаел Олис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
