Капитенот на Англија, Хари Кејн го поддржува селекторот Томас Тухел, кој наиде на жестоки критики после елиминацијата од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.
Во неделата англиската селекција се врати дома како третопалсирана селекција на Светот по победата во мечот за третото место над Франција со неверојатни 6-4, што беше најдобар пласман од 1966 година, кога стигнаа до пехарот.
Кејн призна дека Тухел е еден од најдобрите тренери на светот.
„Само затоа што е еден од најдобрите тренери на светот, не значи дека секогаш прави се како што треба. Играчите на теренот се исти. Сите правиме грешки и мораме да се подобриме. Навивачите имаат право да бидат лути. Мислам дека и Томас беше свесен дека оваа работа носи голем притисок и голем влог“, рече Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
