Кек е несудениот македонски селектор: Малку недостигаше да седне на клупата наместо Друловиќ

ЕКИПА во Љубљана, 

Никола Ѓуровски

Словенија и Матјаж Кек се втората пречка за Македонија во квалификациите за ЕВРО 2020. По триумфот над Летонија, „црвено-жолтите“ посакуваат да продолжи победничката низа, но тоа нема да биде лесна мисија вечерва на стадионот „Стожице“.

Интересно е дека Словенците ќе ги предводи несудениот македонски селектор. По заминувањето на Бошко Ѓуровски, токму Матјаж Кек беше првиот „пик“ на тогашното раководство на ФФМ. Се водеа разговори со Матјаж Кек, но тој одлучи дека клупскиот ангажман во тој момент не може да го остави за да ја преземе клупата на Македонија. Ситуацијата беше специфична, а откако Кек кажа дефинитивно „НЕ“, тогаш како втора опција влета српскиот стратег Љубинко Друловиќ. Тој исто така не се прослави на кормилото и многу брзо дојде разделбата, односно неговиот договор не беше продолжен откако го доработи само тековниот квалификациски циклус.

Вечерва Матјаж Кек ќе биде наспроти Игор Ангеловски, кој со резултатите веќе се наметнува како најдобар македонски фудбалски селектор во историјата. Има на располагање одлична генерација која самиот ја состави, го врати капитенот Горан Пандев во националниот тим, а и внесе неколку млади фудбалери кои веќе се носители на играта од претходната генерација на У21.

Се вчитува...