Кек го објави списокот за мечот со Македонија: Словенците во најсилен состав

Селекторот на фудбалската репрезентација на Словенија, Матјаж Кек го соопшти списокот фудбалери на кои ќе смета за двете почетни квалификациски средби за пласман на ЕП 2020, против Израел на 21. март и против Македонија на 24. март.

Кек ќе ја пречека во својот најсилен состав со враќање и на искусниот голман Јан Облак. Во составот е вметнат и еден од најдобрите фудбалери на Словенија, Бенјамин Вербиќ од Динамо Киев за кого, поради повреда, се уште е неизвесно колку ќе може да помогне за престојните натпревари. На списокот е и Јон Горенц Станковиќ од англиски Хадерсфил.

Како што истакна словенечкиот селектор на денешната прес-конференција, Словенија не е фаворит во групата иако е јасно дека, како и секогаш, ќе атакува на врвот. Но, Кек би бил задоволен и со пласман на третото место на крајот од натпреварувањето.

На списокот на Кек се и двајца фудбалери од домашниот шампионат, Лука Заковиќ и Адам Гнезда Черин.

СПИСОКОТ НА СЛОВЕНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ НАТПРЕВАР СО МАКЕДОНИЈА

ГОЛМАНИ: Јан Облак, Вид Белец, Матиц Котник

ОДБРАНА: Бојан Јокиќ, Миха Мевља, Нејц Скубиц, Алјаж Струна, Петар Стојановиќ, Миха Блажиќ, Немања Митровиќ, Јуре Балковец

СРЕДЕН РЕД: Јосип Иличиќ, Јасмин Куртиќ, Рене Крхин, Бенјамин Вербиќ, Миха Зајц, Домен Чернигој, Јака Билој, Дамјан Бохар, Адам Гнезда Черин, Јон Горенц-Станковиќ

НАПАД: Роберт Бериќ, Андраж Шпорар и Лука Заховиќ

Се вчитува...