Кек: Не се случајни победите на Македонија

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Селекторот на Словенија, Матјаж Кек, верува во успех на својата селекција на утрешниот квалификациски дуел за пласман на ЕП 2020, но не крие дека има почит и за резултатите на македонската репрезентација.

“Македонија победува, беше одлична во Лигата на нации, и тоа не е случајно. Имате одличен тим, добри индивидуалци, но и компактен состав. Сепак, ние веруваме дека можеме да славиме, играме дома, пред нашите гледачи. Ќе сториме се за да стигнеме до триумф. Имавме добри моменти против Израел, треба да ги повториме и против Македонија” – изјави на прес конференцијата словенечкиот селектор Матјаж Кек.

Се вчитува...