Келн беше последна станица во кариерата за две ракометни легенди

Годинашниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите во Келн беше последна станица во кариерата на две големи ракометни имиња. Последниот натпревар во „Ланксес Арена“ го одиграа француската легенда Даниел Нарсис во дресот на ПСЖ и Германецот Доминик Клајн во составот на Нант.

Едниот заврши со „бронза“, другиот со „сребро“ од последниот настап во Келн. И двајцата зад себе оставаат богата кариера со многу титули и трофеи.

Долгогодишниот француски репрезентативец му кажа збогум на ракометот на 38-годишна возраст. Во својата богата колекција со репрезентацијата на Франција има четиир титули светски, три европски и две олимписки шампион. Во клупската кариера има две титули во ЛШ освоени со Кил во 2010 и во 2012 година.

Поскував да ја освојам титулата во Лигата на шампионите барем уште еднаш со ПСЖ. Но, ете не успеав. Тоа е спортот. Тешко беше да играме против Вардар по поразот од Нант во полуфиналето, но горд сум што победивме во овој последен меч. Не жалам за ништо во мојата кариера, уживав во неа и освоив многу“ – изјави Нарцис по својот последен натпревар во кој постигна еден гол.

Пред својата германска публика во Келн, од ракометот се збогува и германското лево крило, Доминик Клајн. Последниот натпревар Клајн го одигра со Нант во големото финале против Монпелје во кое не успеа да стигне до уште една титула во ЛШ и да ја додаде на претходните две освоени со Кил. Клајн ја завршува кариерата на 34-годишна возраст, некои сметаат дека рано се решил за пензија, но Германецот вели дека одлуката е конечна.

„Доста е. Минав многу години во ракометот. Дали можам уште? Најверојатно да. Но, со сите оние натпревари, тренинзи, подготовки што ги бара професионланиот спорт не останува многу време за семејството и за другиот дел од живот. Сега сакам да го имам тоа“ – изјави Клајн пред последните натпревари на Ф4 турнирот во Келн.

Се вчитува...