Њујорк никс успеа да доведе врвно засилување во текот на летово откако денеска и официјално потпиша договор со Кемба Вокер. Станува збор за играч роден во Њујорк, кој во неколку наврати во кариерата истакнуваше дека сака да заигра за никс, желба што конечно ќе му се исполни.
Вокер потпиша договор на две години за вкупно 16 милиони долари, откако истече неговиот договор со екипата на Оклахома Сити тандер што подоцна го презеде Бостон.
„Пресреќни сме што врвен играч роден во Њујорк како Кемба Вокер се враќа во градот што е негов дом. Тој е голем талент, воедно и играч со извонредни лидерски способности, кој сигурно ќе биде од корист на нашиот клуб“, објави Њујорк никс.
Вокер првите осум сезони во НБА-кариераа ги мина во дресот на Шарлот хорнетс, период во кој четири пати беше избиран и за олстар-натпреварите. Најдобра сезона во кариерата му е 2018/19, кога во просек посигнуваше по 25,6 поени по натпревар. Следеше преселба во Оклахома Сити тандер, каде потпиша четиригодишен договор за вкупно 140,8 милиони долари. Вокер не одигра ниу еден натпревар за Оклахома, замина во Бостон, но честите повреди го спречија да ги покаже игрите што се очекуваат од него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА