Кениецот Џон Корир во машката трка и неговата сонародничка Шерон Локеди, втора година по ред, се победници на Бостонскиот маратон, најстарата и најпозната трка во светот oд 42.195 километри.
Корир стигна до целта за 2:01,52 часа и го постави најдобриот резултат во 130-годишната историја. Претходниот рекорд го држеше Џефри Мутаџи со 2:03;02. Ова достигнување го надмина Корир за една минута и 10 секунди.
Второто место му припадна на Танзаниецот Алфонсо Симба, кој беше 55 секунди зад победникот, а Кениецот Бенсон Кипруто се искачи на најдолното скалило на подиумот.
Кенијките доминираа и во женската трка. Шерон Локеди го запре тајмерот на 2:18:51. Минатата година, таа го постави рекордот на патеката со 2:17;22. На подиумот и се придружија сонародничките Луиз Чемнунг (2:19;35) и Мери Нгуги Купер (2:20;07).
Бостонскиот маратон се одржа за прв пат во 1897 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
