Кепа место херој – трагичар: Ливерпул го освои Лига купот (ФОТО)

Ливерпул е освојувачот на овогодишното издание на англискиот Лига куп откако во финалето славеше над Челси по изведување на пенали. Регуларниот дел од натпреварот донесе голем број на добри шанси, некои завршија во голот, но не беа поништени поради офсајд, но неколку беа спречени од расположените голмани па резултатот остана 0-0.

Двата тима тргнаа сигурно во изведувањето на пеналите. Милнер, Фабињо, Ван Дајк, Александар Арнолд, Салах, Диого Жота, Ориџи, Робертсон, и Конате реализираа за Ливерпул, додека сигурни за Челси беа Алонсо, Лукаку, Хавертз, Џејмс, Жоржињо, Рудигер, Канте, Вернер, Силва и Чалобах па одлуката падна на голманите.

Келeхер успеа да го совлада Кепа, а шпанскиот голман кој влезе во натпреварот во 119. минута, не само што не успеа да одбрани во серијата, туку не реализираше од белата точка за големо славје на „црвените“.

Се вчитува...