Кепа си даде автогол со нос, Ајакс царува во Лондон

Ајакс го растура Челси во првото полувреме од мечот на „Стемфорд бриџ“, откако холандскиот првак по 45 минути игра веќе води со 1-3.

Мора да се истакне дека лондонскиот клуб нема среќа, првиот гол на Ајакс беше автогол на Абрахам, а особено малерозен е третиот погодок на гостите, кога Кепа самиот ја внесе топката во мрежата. По слободниот удар на Зијеш топката удри во дирекот, се одби од лицето и носот на шпанскиот голман и заврши во неговата мрежа.

 

Се вчитува...