Кепа заминува од Челси, Валенсија прв кандидат за неговиот потпис

Валенсија е заинтересирана за услугите на голманот на Челси, Кепа Аризабалага. Шпанецот пред две години стигна во Челси за рекордни 80 милиони евра, а сезонава статистички е еден од најлошите во Премиер-лигата. Поради лошите партии Лампард се одлучи пред паузата да го седне Кепа на клупа, но по рестартот на сезоната Шпанецот сепак се врати меѓу стативите.

Се уште не е јасно дали Челси ќе се одлучи да го продаде и да ангажира нов голман, а како прва опција се споменува името на голманот на Ајакс Андре Онана. Валенсија го сака Кепа, бидејќи не е задоволна од Јаспер Цилесен кој минатото лето стигна од Барселона.

 

Се вчитува...