Кер со пофалби кон Србинот: Милојевиќ е одличен тренер

Српскиот тренер Дејан Милојевиќ од следната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на шесткратниот шампион на НБА лигата, Голден Стејт Вориорс каде ќе соработува во Стив Кер.

Тренерот на Голден Стејт во интервју за американските медиуми се обиде да го претстави 44-годишникот во најдобро светло и имаше само пофални зборови за тренерот кој имаше огромна улога во развивањето на играчи кои денеска имаат запазена улога во Европа и НБА лигата.

„Милојевиќ беше тренер во Србија седум сезони, што значи дека тој е одличен стратег. Сакавме да додадеме свежина во тимот на стратешки план и планот за напредување, а Деки е човекот кој може да го направи тоа. Тој како тренер работеше токму на тоа и очигледно имаше огромна улога во развивањето на играчи како Јокиќ, Марјановиќ, Зубац… Сигурно ќе работи исто и со Џејмс Вајсмен“, изјави Кер.

Се вчитува...