Манчестер јунајтед со 4-0 славеше над Сабах Баку, а неизвесноста ја разреши уште во првото полувреме. Куња, Бруно Фернандез и Шешко се запишаа во листата на стрелци, а точка на мечот стави Мартинез во 68-та минута.
По мечот тренерот на „црвените-ѓаволи“ Мајкл Керик беше задоволен од играта на неговите избраници.
„Секогаш е убаво кога ќе ја сочувате мрежата и, секако, кога ќе победите. Во одредени моменти одигравме навистина одлично и бевме исклучително опасни во транзицијата. Мора да му оддадеме признание и на противникот, бидејќи не беше лесно да се игра против него. Резултатот изгледа комотно, но на теренот не беше секогаш така. Направивме многу добри работи вечерва и тоа ни го донесе овој одличен резултат. Секогаш е убаво кога во Лигата на шампионите ќе започнете со домашна победа“, изјави Керик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
