Манчестер јунајтед во следната сезона повторно ќе биде дел од Лигата на Шампионите откако „црвените ѓаволи“ уште повеќе се зацврстија на третото место на табелата по вчерашниот триумф над Брентфорд од 2-1.
По мечот тренерот на тимот од „Олд трафорд“ изјави дека оваа победа е одлично загревање за мега дуелот против Ливерпул следниот викенд.
„Играта на моменти беше доста отворена. Започнавме навистина добро и морам да им оддадам признание на противниците, кои нè ставија под притисок. Затоа направивме корекции на полувремето. Касемиро постигна неколку важни голови за нас. Бруно Фернандеш, Хари Магваер и Касемиро имаат одлична соработка.
Гостите имаа неколку шанси кон крајот, но мислам дека духот и единството на нашите играчи беа фантастични. Ова е период од сезоната кога резултатите се најважни. Мораше да ги освоиме овие три бода по секоја цена.
Навистина сме среќни поради големиот број победи. Ни претстои важен натпревар против Ливерпул и со нетрпение го очекуваме“, изјави Карик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

