Ќерката на Денис Родман е најплатената фудбалерка во светот

Ќерката на поранешната НБА ѕвезда Денис Родман, Тринити потпиша договор до 2028 година вреден два милиони долари годишно, вклучувајќи бонуси. Нејзиниот стар договор истече на 31 декември минатата година.

Нејзиниот агент, Мајк Сенковски, изјави за ESPN дека 23-годишната фудбалерка ќе стане најплатената фудбалерка во светот.

„Чувството е неверојатно. Многу сум среќна, благословена. Мислам дека ова е огромен момент, пресвртница. Не можам со зборови да опишам како се чувствувам“, рече Родман.

Пред овој договор, најплатена фудбалерка беше Аитана Бонмати од Барселона, освојувачка на Златната топка во 2023, 2024 и 2025 година.

Се вчитува...