Грузијците за натпреварот против Македонија утре во Тбилиси ќе имаат поддршка и од една од најголемите легенди на грузијските фудбал, Тимур Кецбаја.
Поранешниот фудбалер на АЕК Атина, Њукасл и Вулверхемптон, а актуелен тренер на кипарскиот Анортозис по долго инсистирање добил специјална дозвола од кипарските здравствени власти да може да ја напушти земјата и да отпатува во родната Грузија за да го следи натпреварот со Македонија.
Па, Кецбаја заедно со грузиските репрезентативци Гиорги Лориа, Муртаз Даушвили, Торнике Окриашвили и Гиорги Квилитаија, кои играат за Анортозис, со приватен авион пристигнаа на собирот на репрезентацијата во Тбилиси.
„Овие момци не можев да ги оставам сами. Мора сите сега да дадеме поддршка за да се пласираме на Европско првенство“ – истакна Кецбаја по пристигнувањето во Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА