Кевин Дјурант останува во Бруклин Нетс!

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Кевин Дјурант на крајот сепак ќе остане во Бруклин Нетс и следната сезона. Тој вчера имал состанок со првите луѓе на „франшизата“ од Бруклин по што постигнале договор тој сепак да остане во клубот.

Дјурант на крајот на минатата сезона побара трејд бидејќи не беше задоволен од тоа во која насока се движи клубот сметајќи дека губи години од својата кариера во проект кој нема шампионски амбиции.

„Јас, Стив Неш и сопственикот Џо Тсаи имавме состанок со Кевин Дјурант и Рич Клајман во Лос Анџелес. Се договоривме да ја продолжиме соработката и од денеска се фокусираме на кошарката со една колективна цел: формирање екипа која ќе ја донесе титулата во Бруклин“, изјави генералниот менаџер на Нетс, Шон Маркс.

Се вчитува...