Кевин Мајер постави нов светски рекорд во десетобој

Светскиот шампион, Кевин Мајер, собра 9126 бода по десетте дисциплини на натпревар во неговата земја и со тоа го побори светскиот рекорд во најкомплeксната атлетска дисциплина. Французинот го урна претходниот најдобар резултат кој му припаѓаше на Американецот Ештон Итон поставен во 2015 година.

Мајер е и олимписки вицешампион од Игрите во Рио, има и светска титула во сала. Направи неколку грешки, па не успеа да додје до титулата на Европското првенство што летово се одржa во Берлин.

 

 

Се вчитува...