Кевин Мелер ќе го наследи Ристовски на голот на Барселона

Данскиот голман Кевин Мелер (28) е новото засилување на голот на Барселона. Мелер доаѓа на местото на Борко Ристовски кој на крајот на сезоната ја заврши двегодишната соработка со каталонскиот клуб.

Данецот со Барселона потпиша тригодишен договор, до крајот на сезоната во 2021 и на голот ќе му се придружи на Гонзало Перез де Варгас. Мелер минатата сезона настапуваше за тимот на Фленсбург со кој ја освои шампионската титула во Бундес-лигата.

Тој е второто засилување во редовите на Барселона за новата сезона, по неговиот сонародник Каспер Мортенсен. Од каталонскиот тим на крајот од сезоната покрај Борко Ристовски си заминаа и Виран Морос, Валеро Ривера и Алексис Боргес.

Се вчитува...