Кевин Пантер си оди од Партизан, веќе е пред договор со Панатинаикос!?

Кевин Пантер на крајот од сезоната и дефинитивно си заминува од Партизан, пренесуваат шпанските и италијанските медиуми.

По одличната сезона во дресот на Партизан, Пантер веднаш беше на мета на дел од најдобрите европски клубови, но како што пишува „Спортандо“ веќе со сигурно е пред договор со грчки Панатинаикос каде ќе ја продолжи својата кариера.

Двете страни се пред финален договор кој наскоро се очекува официјално да биде обелоденет. Пантер во моментов нагласува дека сака успешно да ја финишира сезоната со Партизан во АБА лигата, па потоа ќе размислува што понатаму.

На клупата на тимот од Атина ќе седне Ергин Атаман. Пантер треба да биде водечка фигура во неговиот тим поради што понуден му е богат повеќегодишен договор. Шесткратниот шампион на Евролигата има три разочарувачки сезони во низи, но се чини дека славните времиња од следната сезона ќе се враќаат во арената „Никос Галис“.

Се вчитува...