Кид: Дончиќ е како Пабло Пикасо

Тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид ја пофали својата прва ѕвезда Лука Дончиќ, споредувајќи ја со еден од најголемите уметници во историјата.

Според него, Словенецот го потсетува на големиот уметнички ум, Пабло Пикасо.

„Дончиќ? Тој е млад Пабло Пикасо. Не знам дали некој некогаш му кажал на Пикасо дека мора да ја искористи секоја боја, но сакам да потсетам дека Лука има многу соиграчи на кои може да им верува, бидејќи се тука да му помогнат. Тој секогаш зборува дека има толку работи во неговата игра кои сака да ги подобри како на теренот така и надвор од него“, изјави Кид. 

 

Се вчитува...