Киелце „пазари“ уште еден поранешен играч на Металург

Киелце подготвува уште едно засилување на бековската позиција што има настапувано во мак-ракометот, по информациите од Хрватска дека Халил Јагањац веќе потпишал договор за во 2022 година да се пресели во тимот предводен од Талант Душебајев.

Станува збор за играч кој на почетоците од професионалната кариера го носеше дресот на Металург, тим во кој извесно време беше и лидер пред да си замине од Автокоманда и да се врати назад во татковината. Лино Червар тогаш го бараше Јагањац во Загреб, тој реши да ја прифати понудата на Нексе, што пак се одрази врз шансата што Јагањац ја добиваше во хрватскиот национален тим.

Киелце бил заинтересиран да го доведе Хрватот уште летово, но челниците на Нексе експресно ја отфрлиле оваа опција, инсистирајќи левиот бек да остане во тимот до истекот на договорот, па потоа во јули 2022 година да замине во Полска.

Киелце има постигнато преддоговор за трансфер на Стефан Додиќ, српскиот интернационалец од Металург кој исто како и Јагањац би требало од 2022 година да се пресели меѓу „жолто-сините“.

Се вчитува...