Киелце се спаси од финансиски колапс откако првиот човек на клубот, Бертус Сервас, конечно најде нов генерален спонзор за полскиот ракометен гигант.
На „жолто-сините“ им се закануваше егзодус што требаше да го предводи тренерот Душебајев, Сервас побара трпение и интензивно бараше спас, за на крајот да потпише договор со компанијата Берлинек СА.
„Пресреќен сум што бренд како Киеце сега во своето име ќе има уште еден фантастичен бренд како што е Барлинек. Испишуваме историја за градот и за полскиот ракомет, а соработката со Барлинек ќе ни помогне да ги исполниме амбициите што ги имаме на европски план“, изјави Бертус Сервас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА