Киеза пред трансфер во Премиерлига?

Фредерико Киеза ова лето би можел да заврши во Премиерлигата. За голгетерот на Јувентус се заинтересирани Ливерпул и Њуксал, а и самиот Италијанец нема против да ја промени средината, пренесуваат англиските медиуми.

Киеза кој го пропушти речиси целиот прв дел од сезоната поради повреда, се врати на теренот и настапи на 33 натпревари на кои постигна четири гола и шест пати аситираше до соиграчите, но не се чувствува дека е во центарот на проектот на Јувентус и бара излез додека постојат големи понуди.

Покрај премиерлигашките интерес за услугите на 25-годишникот покажува и Баерн Минхен. Доколку дојде до трансфер во Англија или Германија тоа воедно ќе биде прв настап за Италијанецот за клуб надвор од неговата татковина. Пред Јувентус настапуваше за Фиорентина.

Се вчитува...