Кијелини набрзо потпишува нов договор со Јувентус

Капитенот на Јувентус и италијанската репрезентација, Џорџо Кијелини ќе го продолжи договорот со Јувентус во следните неколку дена, пренесуваат медиумите на Апенините. Кијеини во моментов е слободен фудбалер, но извесно е дека наскоро ќе стави потпис на нов договор со клубот од Торино.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, најтрофејниот италијански клуб на Кијелини ќе му понуди договор со траење на една година. Кијелини во Јувентус дојде во 2004 година, а оттогаш запиша 404 натпревари на кои постигна 27 гола.

Се вчитува...