Кијелце на чекор до Келн, го прегази ПСЖ, Душебајев му одржа лекција на Раул

Кијелце направи подвиг и со победата од 34-24 ќе патува на возвратниот натпревар од четвртфиналето од ракометната Лига на шампионите кај Пари Сен Жермен. Полскиот тим има залиха од неверојатни 10 гола против фаворизираниот француски тим одработени на домашен терен. Талант Душебајев убедливо ја доби оваа половина од пресметката со Раул Гонзалес.

ПСЖ имаше предност во почетниот дел од воведното полувреме, најмногу два гола, но потоа Кијелце по израмнетите 6-6 го презеде водството и во последните пет минути ги достигна и максималните пет гола разлика со кои и замина на паузата.

Кијелце зголеми на шест уште на влезот на вторто полувреме, ПСЖ се закани намалувајќи до три, но не успеа да направи повеќе од тоа и полскиот тим повторно се стабилизираше на опиплива предност, ги достигна и највисоките девет  во 52 минута кога имаше 31-22. На пет минути до крајот, домашниот тим повторно имаше плус девет 32-23.

Каралек и Кулеш постигнаа по шест гола, Циндриќ заврши со пет. Голманот Цупара одигра клучна улога во големиот тирумф на неговиот тим, имаше 14 одбрани, а постигна и гол во финишот за огромните десет гола разлика на крајот.

Генсхајмер беше единствениот на ниво на задачата во ПСЖ, постигна 11 гола. Ремили постигна шест, Хансен заврши со пет гола. Никола Карабатиќ беше без гол, Сагосен само со еден.

 

 

 

Се вчитува...