Кике Сетиен бара 4 милиони евра за раскинот на договорот со Барселона

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, кој доби отказ по катастрофата што каталонскиот гигант ја доживеа од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, бара 4 милиони евра отштета за предвремениот раскин на договорот. Раководството на Барселона ќе мора да го исплати Сетиен за да може да отвори врата за да седне Роналд Куман на клупата на тимот.

Се додека не биде во целост разрешен овој спор, Куман нема да има право да ја води Барселона на официјалните натпревари.

Кике Сетиен дојде на кормилото на Барселона во јануари 2020 година, а доби отказ во август по дебаклот (2-8) од Баерн Минхен.

Се вчитува...