Кике Сетиен си најде нова работа во Ла Лига

Кике Сетиен е подготвен за враќање во Ла Лига, откако беше обелоденето дека поранешниот стратег на Барселона почнал преговори за седнување на клупата на Бетис. Искусниот стручњак со успех го водеше Бетис во сезоната 2017/18, обезбедувајќи пласман во ЛЕ откако забележа две победи над Реал Мадрид и по една над Барселона и над Атлетико Мадрид.

„Зелените“ влегоа со големи амбиции во новата сезона, но бележат разочарувачки резултати. Вчерашниот триумф на гостувањето против Осасуна барем за малку го намали незадоволството од работата на Мануел Пелегрини, но добро упатени извори тврдат дека овој стручак нема да ја дочека 2021 година како шеф на стручниот штаб на Бетис. Преговорите со Сетиен се веќе стартувани и доколку бидат договорени сите детали овој стручњак најдоцна за десетина дена би го заменил Пелегрини.

Со тоа, Сетиен ќе се обиде да му се врати на тренерскиот занает по разочарувачките месеци што ги мина на клупата на Барселона. Тоа беше период исполнет со конфликти, меѓу другите и со Лео Меси, што на крајот резултираше со преубедливиот пораз од Баерн Минхен од 2-8 во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Повеќе од јасно е, Кике Сетиен нема тренерски капацитет да води гигант како Барса, но кога станува збор за просечен клуб како Бетис, тука веќе се има докажано како добар стратег.

Се вчитува...