„Кикс“ на деценијата: Барса го имала Мбапе „на тацна“, но го избрала Дембеле

Барселона неодамна остана без една од најслабите управи во клупската историја, а Бартомеу дефинитивно важи за еден од најлошите претседатели на каталонскиот гигант. Навивачите на Барса имаат уште поголема причина за разочараност откако членот на управата Хавиер Бордас обелодени дека Килијан Мбапе бил многу блиски до потпис со Барселона во 2017 година.

Сепак, тој завршил во ПСЖ откако каталонскиот гигант решил наместо него да го ангажира Осман Дембеле од Борусија Дортмунд.

„Зборував со таткото на Мбапе, кој ми кажа дека Килијан не сака да оди во Реал бидејќи таму се Роналдо, Бензема и Бејл. Наесто тоа, сакаше да дојде во Барса, која штотуку го продаде Нејмар. Исто така, и Монако сакаше да го продаде својот најдбар играч во Барселона за да не го засили директниот ривал ПСЖ. Начелно беше договорена и сумата од 100 милиони евра, за на крајот управата да се премисли. Рекоа дека Дембеле бил повеќе тимски играч, а Мбапе играл сам за себе. Штета, можевме да го имаме Мбапе кај нас“, истакна Бордас.

Се вчитува...