Кикс на Димитриевски, Сосиедад со пресврт до победа над Рајо (ВИДЕО)

Реал Сосиедад со пресврт го победи Рајо Валјекано на Столе Димитриевски, и така се зацврсти на четвртото место на табелата, по поразот на Бетис од Осасуна. Тимот на Рајо му направи големи проблеми на фаворитот, кој на крај мораше да се спасува со пресврт.

Во првиот дел никој немаше ниту еден шут во рамките на голот, па Димитриевски остана без работа. Палазон во 57. минута го замолкна стадионот во Сан Себастијан, но Сорлот после две минути успеа да го матира македонскиот голман и да израмни.

Во 81. минута Лежен си постигна автогол. При овој гол Димитриевски имаше катастрофална реакција при што Сосеидад постигна втор гол и дојде до триумфот, важен за четвртото место на табелата кое носи во Лигата на шампионите идната сезона.

Во вториот меч во исто време, Валјадолид со голот на Мончи во 24. минута ја совлада Жирона.

Се вчитува...