„Кикс“ на голманот на Есперанж, неодлучен судија, на крајот водство за Струга ТЛ (ВИДЕО)

Струга ТЛ од 23. минута води во дуелот со Есперанж од Луксембург со 1-0. Радески додаде до Ибраими, голманот на Есперанж Чеканович направи грешка, и му „подари“ гол на Ибраими.

Меѓутоа судијата најпрво беше конфузен, не го призна веднаш голот, туку по консултација со својот помошник. Во меѓувреме нервоза во редовите на Струга ТЛ и жолт картон за Радиќ, но на крајот „хепи-енд“ за стружани. Голот беше признат и Струга ТЛ има предност.

Се вчитува...