Кил ја потврди „бомбата“: Сагосен доаѓа во 2020 година

Сандер Сагосен е „бомбата“ со која Кил планира да се врати на голема врата во самиот врв на европскиот ракомет. Откако минатата седмица беше објавено дека „зебрите“ сакаат да го видат норвешкиот среден бек во своите редови, денеска стигна и официјализација на мега-трансферот, што ќе се реализира во 2020 година.

Норвежанецот ја одби понудата за нов договор со ПСЖ и наместо тоа се сели во Германија. За „светците“ ова дефинитивно станува загрижувачки тренд откако по Генсхајмер уште еден ракометар од самиот „европски крем“ решава да си замине од Париз.

 

Се вчитува...