Кил објави: Сагосен и Вајнхолд не играат против Вардар

Кил ќе биде сериозно ослабен за утрешниот натпревар против Вардар откако Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд отпаднаа од комбинација за настап на мечот во Скопје.

Двајцата стартни бекови беа позитивни на коронавирус и ги пропуштија последните средби на Кил, за денеска да биде потврдено дека тие нема да патуваат со остатокот од тимот за Скопје.

„Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд нема да бидат дел од екипата, двајцата се уште се наоѓаат во карантин“, објави Кил.

За очекување е во екипата да се врати Никлас Ландин, извонредниот дански голман кој поради повреда на мускулот на ногата го пропушти бундеслигашкото дерби со Магдебург.

Се вчитува...