Кил потврди: Сагосен ги напушта „зебрите“

Сандер Сагосен дефинитивно нема да потпише нов договор со Кил, туку на истекот од актуелната соработка во 2023 година ќе си замине од германскиот гигант и ќе се врати назад во татковината.

Норвешкиот клуб Колштад прави дрим-тим составен од скандинавски играчи, уште пред неколку месеци беше најавено дека Сагосен ќе биде прва „ѕвезда“ на оваа екипа, за што денеска стигна и официјална потврда од раководството на Кил.

„Сакаме да објавиме дека Сандер Сагосен ја одби нашата понуда за продолжување на договорот, што му истекува во јуни 2023 година. Тој ќе ја напушти најсилната лига во светот. Ја почитуваме неговата одлука, имавме беспрекорна соработката, тој беше важен играч во нашиот концепт за иднината, но на крајот сепак реши да си замине“, изјави менаџинг-директорот на Кил, Виктор Шилаги.

Според најавите од Норвешка, заедно со Сагосен во Колштад во јули 2023 година ќе пристигне и десниот бек Магнус Ред, кој тогаш станува слободен играч по истекот на договорот со Фленсбург. Во меѓувреме, челниците на Колштад се надеваат дека веќе за летово ќе ги договорат трансферите на Гулеруд (Магдебург), Гудјонсон (Киелце), Бергеруд (ГОГ) и Смарасон (Гепинген).

Се вчитува...