Ким Клајстерс дефинитивно ја заврши кариерата

Некогашната број еден тенисерка на светот, Ким Клајстерс после неколку враќања, се одлучи дефинитивно да стави крај на професионалната тениска кариера.

Белгиската тенисесрка се врати на терените пред 20 месеци, но тоа се поклопи со пандемијата, и не успеа да ја пронајде вистинската форма. Причината за нејзиниот крај е семејството. Со сопругот и трите деца неодамна се пресели во Њу Џерси, и самата кажа дека е тешко да ги согласи обврските со професионалната кариера.

„И понатаму сакам да го удирам топчето и да се натпреварувам, но мојот ритам е таков што четири дена не се доволни да можам да играм на највисоко ниво. Тоа го сфатив, и време е да кажам крај“, рече Клајстерс.

Последниот официјален натпревар Клајстерс го одигра на 7. октомври против Синаикова од Чешка на турнирот Индијан Велс.

Во текот на кариерата Клајстерс освои четири грен слем титули во сингл, и две во дубл.

Се вчитува...