Кимих опериран, ќе се врати на терен во 2021 година

Џошуа Кимих денеска беше опериран по повредата што капитенот на Баерн Минхен ја заработи на вчерашното дерби со Борусија Дортмунд. Германскиот репрезентативец се повреди во обид да го фаулира Ерлинг Халанд, по што веднаш стана очигледно дека станува збор за сериозен проблем.

Деталните лекарски прегледи покажаа повреда на лигаментите во пределот на менискусот на коленото, а добра вест за Баерн е што одличниот фудбалер ќе може да се врати на терените на почетокот од 2021 година.

„Среќни сме што Кимих нема да отсуствува премногу долго. Ќе му ја дадеме сета можна поддршка при рехабилитацијата“, изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

 

Се вчитува...