Кинеската Женг испиша историја со триумфот на мастерсот во Пекинг

Најдобрата кинеска тенисерка, Кинвен Женг е победничка на Мастерсот во Пекинг откако во финалето беше подобра од Русинката Мира Андреева во два сета и тоа со 7:5,6:4 во меч кој траеше 103 минути.

Женг стана првата кинеска тенисерка која триумфирала на турнир од серијата Мастерс 1000 кој се играл во Кина.

Ова е прв триумф за Женг по пауза од две години.

Во првиот сет, Женг мораше да спасува три сет топки при резултат 5:5 во гемови, а потоа во 11-от гем со нула направи брејк и со сигурен сервис поведе со 1:0.

Во вториот сет, Женг одлично се бранеше, имаше одговор на секој удар на противничката и потоа во деветтиот гем успеа да ја искористи петтата брејк топка за 5:4, а потоа со нула дојде до триумф и голема радост.

Кинвен Женг која од понеделник повеќе нема да биде 54-та тенисерка на ВТА ранг листата, за триумфот инкасира 1.15 милион долари.

Се вчитува...