Кипчоге и Ибаргуен се најдобри атлетичари во светот за 2018

Елуд Кипчоге и Кетрин Ибаргуен се најдобри атлетичари за 2018 година во изборот што го прави Светската атлетска федерација. На гала манифестација во Монако ИААФ им ги додели признанијата на спортистите кои ја обележаа атлетската година.

Елуд Кипчоге беше доминантен годинава на долгите патеки. Тој го урна светскиот рекорд на маратонот во Берлин. Делницата ја истрча за 2:04.17 часа што е за 78 секунди подобро од претходниот светски рекорд и е најдобро подобрување на резултатот во маратон во машка конкуренција уште од 1967 година.

Незадоволна од тоа што беше најдобра во светот во трискок, Колумбијката Ибаруген учествуваше и во натрпеварувањата во скок во далечина и таму беше доминантна. Ги освои титулите во двете дисциплини на Централноамериканските игри, на Континенталниот куп и во Дијамантската лига. Годинава е непоразена во сите осум натпреварувања во трискок, а 2018 ја заврши со скок од 14.96 метри што е најдобро постигнување годинава, а во скок во далечина постигна резултат од 6,93 метри поставувајќи државен рекорд.

 

 

 

 

 

Се вчитува...