Кире Лазаров меѓу Топ 5 стрелците во историјата на Ф4 во ЛШ

Кире Лазаров како еден од најдобрите светски ракометари во изминатите петнаесетина години, па македонскиот „бомбардер“ неслучајно се наоѓа при самиот врв во уште една категорија на европскиот ракомет.

Имено, во пресрет на фајнајлфор турнирот во Келн објавена беше листата од пет најдобри стрелци на Ф4 натпреварувањата, од која дел заслужено е и асот на Барселона, кој со години наназад е редовен учесник на Лигата на шампионите. Лазаров досега во кариерата има постигнато 42 погодоци во фајналфор турнирите, со што се наоѓа на петтото место на оваа ранг-листа. Пред него се наоѓа поранешното крило на Барселона, Хуанин Гарсија, со 44, потоа Сергеј Рутенка со 47 погодоци, двајца ракометари кои сега нема да бидат во Келн и кои Македонецот со добри игри на 3 и на 4 јуни ќе успее да ги мине.

На делба на првото место се наоѓаат асот на Веспрем, Момир Илиќ, со 55 погодоци, исто колку и актуелниот соиграч на Лазаров од Барселона, Филип Јиха.

Се вчитува...