Кире против Раул – Алкалоид дебитира во регионалната лига

Екипата на Алкалоид со сериозни амбиции влегува во новата натпреварувачка сезона, во која „сино-белите“ својот прв официјален натпревар ќе го играат денеска, во рамките на регионалната лига против српскиот првак Партизан (19 часот, сала Автокоманда).

„Сино-белите“ одработеа квалитетни подготовки во Маврово, потоа и одиграа неколку контролни натпревари и сега максимално подготвени го дочекуваат дуелот со српските црно-бели.

Партизан има сериозен играчки ростер, на клупата се наоѓа поранешниот македонски селектор Раул Гонзалес, кој вечерва ќе се сретне со актуелниот кормилар на нашиот национален тим, Кире Лазаров. Македонскиот претставник донесе неколку квалитетни засилувања кои токму против Партизан ќе ги видиме на дело,

За Алкалоид ова ќе биде прв меч сезонава во регионалното натпреварување, додека Партизан веќе одигра еден дуел, губејќи во Битола од македонскиот вицешампион Е. Пелистер.

Се вчитува...