Кире Ристевски го потопи Видеотон

Македонскиот репрезентативец Кире Ристовски имаше одличен настап во дресот на Вашаш, совладувајќи го лидерот на табелата Видеотон со 3-1.

Покрај одличната игра во одбраната, Ристевски се докажа и во нападот, па при еден од ретките излети во противничкиот шеснаесетник ја затресе мрежата на Видеотон за водство на Вашаш од 2-1. Бурмајстер во 83. минута ги постави конечните 3-1, а бесните гостински играчи до крајот добија два црвени картони (Него и Лазовиќ).

Видеотон и покрај поразот останува на чело на табелата со 20 бода, додека Вашаш до денешниот триумф се искачи на петтата позиција со 15 бода на своето салдо.

Се вчитува...