Кире Ристевски го повреди бутниот мускул

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски се здоби со повреда на бутниот мускул на левата нога на вчерашниот натпревар меѓу Ујпешт и Диосѓер (5-0). Тој беше принуден да ја напушти играта уште во 37.минута, а на негово место влезе црногорскиот интернационалец Мијушко Бојовиќ.

Кире Ристевски, како што информира Ујпешт, во текот на утрешниот ден ќе замине на детални лекарски прегледи за да биде утврдена дијагнозата за неговата пиовреда и да отпочне со рехабилитациски процес. Сепак, се очекува тој да се опорави навреме за стартот на квалификациите за ЕП 2020.

Се вчитува...