Кире Ристевски ќе биде подготвен за стартот на квалификациите за ЕП

Македонскиот дефанзивец Кире Ристески, и покрај првичните информации за подолга пауза, сепак ќе биде подготвен за мартовскиот квалификациски старт за ЕП 2020.

Ристевски заработи незгодна повреда, но според последните информации од Унгарија сепак не се работи за потешка која би го отстранила од терените на подолг период. Напротив се очекува повторно да се појави во првиот тим на Ујпешт веќе следната недела по што би бил подготвен и за натпреварите против Летонија и против Словенија во квалификациите за ЕП 2020, кои не очекуваат на крајот од овој месец.

Се вчитува...